Со ВМРО-ДПМНЕ и Јорданов во Штип и чистата вода за пиење стана луксуз.

2 октомври, 2025
Изминативе четири години сите сме сведоци на лошите политики со кои владееше локалната власт предводена од ДПМНЕ. За жал, тие политики беа погубни за инфраструктурата и за развојот на нашиот град, но и за здравјето на граѓаните, истакна кандидат за градоначалник на Штип на СДСМ и Коалицијата Павел Иванов на партискиот собир во Штип.
Презентирајќи ја својата програма Иванов, најави чиста вода и чист воздух, затоа што Штипјани го заслужуваат тоа, повеќе средства во џебот на граѓаните и отворена, услужна општина што ќе нуди навремени, достапни и квалитетни услуги.
Време е Штип да ги искористи придобивките на алтернативните извори на енергија. Енергетската ефикасност ќе биде во срцето на нашата програма, а посебно внимание ќе посветиме на најранливите категории граѓани. Финансиски ќе ги помагаме младите брачни парови за обезбедување сопствен дом. За највозрасните ќе изградиме инклузивен компекс за достоинствен живот, а лицата со попреченост ќе добијат подршка за самостојно живеење во безбедна и стимулативна средина. Со СДСМ и Коалицијата ова ќе биде општина за сите – фер, модерна и директно насочена кон граѓаните.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство