29 јуни, 2020
Денеска во Радовиш бевме во посета на фабриката Металпромет, која денеска претставува една модерна метало-преработувачка компанија која е специјализирана во повеќе области од оваа дејност.
Поразговаравме со раководниот кадар и вработените. Развојот на домашните компании е еден од нашите врвни приоритети.
Деценискиот проблем со рестрикцијата на вода во населба Куклевица – Радовиш станува минато.
Главните градежни работи на капиталниот проект со кој се обезбедува питка вода во текот на целата година се завршени. Завршен е резервоарот од 600м3.
Направени се 6.5 к.м нов цевковод и заменети се старите азбесно-цементни цевки.
Нашите проекти стигаат до граѓаните.
#Можеме #СДСМ #НСДП