Кандидатката за пратеничка од редовите на НСДП во втората изборна единица, Соња Мираковска, вчера оставри средба со жителите на скопската населба Бутел
Мираковска заедно со генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, пред жителите на оваа скопска населба ја преставија програмата на опозицискиот блок и ги запознаа со основните концепти и проекти со кои опозицијата ја бара довербата на гласачите.
„Во недела, сите да се одважиме и охрабриме и да стваиме крај на осумгодишното страдање на граѓаните под власта на Груевски. Да му савиме точка на овој ненароден режим и да го испратиме во историјата“ рече Мираковска пред на жителите на Бутел.
„Веќе премногу изгубивме, премногу млади луѓе ја напуштија земајта, премногу не задолжија, премногу ни го отежнија животот, за да дозволиме Грувески уште четири години да управува со државата“, изјави Мираковска.