27 март, 2026

На 27 март 2020 година, Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО – остварувајќи една од своите најважни стратешки цели во евро-атлантските интеграции.
Овој историски исчекор беше резултат на храбри и одговорни одлуки, кои обезбедија стабилност, сигурност и јасна иднина за државата и нејзините граѓани.
Денес, во време на глобални безбедносни предизвици, членството во НАТО значи гарантирана безбедност и припадност кон семејството на демократски и развиени држави.
НСДП потсетува дека денес се одбележуваат 6 години од членството во НАТО – период кој јасно покажува колку оваа стратешка одлука е значајна за стабилноста, безбедноста и меѓународната позиција на државата.





