Организацискиот секретар на НСДП и шеф на Централниот изборен штаб, Кристијан Трајковски денес во Куманово, согласно мерките за заштита и спречување на ширењето на корона вирусот, одржа работен состанок со членовите на општинскиот изборен штаб на партијата.
На состанокот се разговараше за оперативни прашања поврзани со ангажманот на партиските структури на НСДП во предизборните активности на коалицијата „Можеме“.
Од страна на претставниците на општинската организација во Куманово, беше истакнато дека целокупното членство на НСДП е мобилизирано и вклучено во сите предизборни активности кои се спроведуваат во рамки на коалицијата „Можеме“.
Шефот на Централниот изборен штаб на НСДП, Трајковски по средбата со претставниците на општинската организација се приклучи на централниот караван на коалицијата „Можеме“, кој на средба со граѓаните ги претстави коалициските програмски определби и дел од кандидатите за пратеници во втората изборна единица.