7 октомври, 2022
На 5 октомври 2022 година, во 18.о0 часот во Тетово се одржа Регионална средба на општинските организации од Изборната единица 6, за подготовка на Изборните конференции за избор на нови раководства.
На регионалната средба освен претставниците на ОО присуствуваа и претседателот Горан Мисовски, потпретседателката Јулијана Цековска, генералниот секретар Мики Милковски, секретарот за меѓународна соработка Марјан Дамјановски, членовите на Извршниот одбор од ИЕ6 и советниците во општините од овој регион.