РЕГИОНАЛНА СРЕДБА НА ОПШТИНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НА НСДП ОД ИЗБОРЕН РЕГИОН 5

7 октомври, 2022

На 6 октомври 2022 година,  во 18.30 часот во седиштето на НСДП – Битола се одржа Регионална средба на општинските организации од Изборната единица 5, за подготовка на Изборните конференции за избор на нови раководства.

На регионалната средба освен претставниците на ОО присуствуваа и претседателот Горан Мисовски, потпретседателот Драги Крстев, потпретседателката Јулијана Цековска, потпретседателот Зоран Маневски, генералниот секретар Мики Милковски, организацискиот секретар др Венцо Вуинов, секретарот за меѓународна соработка Марјан Дамјановски, членовите на Извршниот одбор од ИЕ5 и советниците во општините од овој регион.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство