1 февруари, 2014
Регионална средба на Општинските организации од И.Е 3 во Кочани на која присуствуваше потпретседателот на НСДП, г-дин Горан Мисовски, членовите на Извршниот одбор, Мики Милковски, Венцо Вуинов и Зоран Киткањ, како и претседателите на општинските организации од овој регион
Горан Мисовски, Потпретседател на НСДП и Координатор во Изборната единица 3, оствари средба со советниците и претседателите на Општинските организации на партијата во Изборната единица 3.
На средбата на која како гостин присуствуваше и актуелниот пратеник од Кочани од редовите на СДСМ Миле Андонов, стана збор за претстојните Претседателски избори во Република Македонија, како и за подготвеноста и организираноста на членството во случај на предвремени Парламентарни избори.
На средбата исто така беа закажани неколку трибини што треба да се одржат во Изборната единица 3, а првата трибина од каде и почнува караванот на трибини во Изборната единица 3 ќе се одржи во Кочани на 22.Февруари.
По завршувањето на оваа средба Потпретседателот Мисовски имаше нова, посебна средба со членството на НСДП во Кочани.