1 мај, 2014
Нова социјалдемократска партија на ВТОРИОТ КОНГРЕС на партијата во октомври 2009г. донесе стратешки документ „И ТРУДОТ Е КАПИТАЛ“ кој има за цел подобрување на катастрофалната состојба на правата на работниците во Македонија преку реално вреднување на трудот во насока на негово изедначување со капиталот, за да станат партнери во процесот на производството.
НСДП како и во изминатите години, така и во иднина со сите политички инструменти кои што и стојат на располагање ќе се бори за подобрување на положбата на работниците во Македонија и за реална имплементација на овој стратешки докумнт, која ќе допринесе работникот да го добие заслуженото место во македонското општество.
Документот можете да го прочитате ТУКА: