Пустош, јад и паника меѓу сточарите во општина Ранковце!

1 јули, 2016

Реакција на советникот од НСДП во Советот на општина Ранковце, Мики Милковски во врска со ширењето на болеста јазлеста кожа, пренесена од порталот Бриф.мк:

20160324_223820

Болеста јазлеста кожа зазема голем замав и во општина Ранковце. Општа паника владее меѓу сточарите. Единствениот извор на средства за егзистенција полека го губат. Скоро во сите села се шири болеста. А животните тука се како дел од семејството, уништувајќи ги нивните животи се уништуваат и животите на земјоделците, на испатените.

Неинформирани не знаат што да прават и како да постапат. Заболени животни на ѕверски начин се убиваат, по ниви во сред поле. Според неофицијални информации пука кој ќе стигне, со ловечки пушки, со пиштоли. Наместо стручни и овластени лица да го прават тоа. Ги влечат до јамите со трактори. Вакцинацијата доцни! Мерките за превенција неефикасни.

Болеста е раширена во селата: Ранковце, Герман, Криви Камен, Радибуш, П’клиште, Љубинце, Гиновце, Опила, Одрено, Псача и други села.

Државата затаи, одговорност мора да има! А решенија уште побрзо.

Инаку ќе ги организираме земјоделците на протести!

Советот на општината мора да формира‪‎ Кризен штаб за справување со ситуацијата.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство