ПРИЛЕПЧАНИ ДО СТЕВО: ВИЕ СТЕ ЛИЦЕТО НА ПРОМЕНИТЕ КОИ СИТЕ ГИ ПОСАКУВАМЕ

10 април, 2014

Прилепчани со огромна поддршка и овации  го дочекаа Стево Пендаровски на градскиот плошатад. Вие сте лицето на промените кои сите ги посакуваме, кои ни се потребни, дофрлуваа граѓаните на собирот.

Јас не можам сам, ми требате вие и вашата сила. Само така ќе ја извадиме Македонија од дното. Заеднички сплотени во желбата за подобро утро во поинаква Македонија, им  одговори Стево.

Денеска слушнав реални, животни, болни и тешки човечки судбини во крушевскиот и прилепскиот регион. Понижување на сите страни. Понижен е македонскиот земјоделец, македонскиот стечаец, македонскиот тутунар, македонскиот бранител, македонскиот граѓанин. Понижен е и претседателот на државата бидејќи претседател на несреќни луѓе е неуспешен претседател. Јас немам намера да бидам таков претседател, порача Пендаровски во Прилеп.

Младите го прашаа Стево дали тој како иден шеф на државата има визија за нив.

Вие сте мотивот зошто влегов во оваа трка. На Македонија и треба вистински претседател, но и Вие ми требате мене. Заеднички мораме да ги промениме работите. Нашата цел ќе биде да не им се бараат партиски книшки на младите туку знаење, им одговори Стево.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство