Премиерот Заев и претседателскиот кандидат Пендаровски од Кавадарци: Еве ги и странските инвестиции и парите во земјоделството!

10 април, 2019

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и канидидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски на трибината во Кавадарци посочија на придобивките од политиките што водат напред кон НАТО и кон ЕУ, а коишто веќе ги чувствуваат граѓаните, посебно на економски план и водат кон развој и на земјоделството и на економијата.

-Ако минатата година беше година на интеграциите, оваа и следната година ќе бидат години на економијата којашто веќе бележи раст и тоа со темпо со кое што не сме биле со години, и тоа е поради отворените интеграции, рече претседателскиот кандидат Пендаровски.

Тој посочи на бројката од речиси 625 милиони евра странски инвестиции што влегле во нашата држава, само за 2018 година.

-Во јуни очекуваме датум за почеток на преговорите со ЕУ, може да замислите какви ‘се фондови и економски можности ќе се отворат за нашата држава, додаде кандидатот за претседател Пендаровски.

Претседателот на СДСМ и премиер, Заев, посочи на повеќе бенефити за земјоделците во последниот период и порача дека е потребно да продолжат евро-атлантските интеграциски политики, за да има повеќе пари во земјоделството како и за сите граѓани европски животен стандард.

-Исплативме за 2014/15/16/17 година 110 милиони евра заостанати субвенции, секоја година даваме паралелно 140 милиони евра субвенции, доделени се 424 грантови од по 10.000 евра само во земјоделството, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев кој додаде дека државата, со вистински, исправни чекори, може да се најде на својот народ.

-ЕУ е платено грозје, ЕУ е укината акциза за ракијата на 0 проценти, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

Тој од Кавадарци му одговори на Мицковски за имињата на сите странски инвестиции.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство