Претседателот Петковски на средба со членовите и симпатизерите во општина Карпош

2 октомври, 2021
Претседателот на НСДП Тито Петковски заедно со организацискиот секретар Кристијан Трајковски и секретарот за меѓународна соработка Стојанче Манев се сретнаа со членови и симпатизери на НСДП од скопската општина Карпош.

Пред пристуните се претстави и обрати кандидатот за советник од редовите на НСДП на заедничката листа од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Јахи Мемедов, кој истакна дека проблемите во општината се познати и дека во отворена комуникација со граѓаните ќе се бори за нивно надминување.

„Независно од етничката или религиозната припадност, ќе бидам достапен за сите. Проблемите и нивното надминување е тоа што заслужува внимание, посветеност, а не поделбите и политиканството“, рече Мемедов.

Претседателот на ОО на НСДП во Карпош, Александар Бошкоски во своето обраќање ги повика членовите и симпатизерите на партијата од оваа општинска организација да се мобилизираат и несебично да се впуштат во промоција на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

Претседателот Петковски во своето обраќање истакна дека НСДП преку својот советник во општина Карпош, ќе биде активна врска помеѓу локалните институции и граѓаните.

„Треба да се отвори нова страница, локалната самоуправа потполно да се стави во функција на интересите на граѓаните. Локалните изборите треба да бидат соочување на програмите, да создаваат атмосфера од која ќе произлезат локални институции кои ќе бидат блиску до граѓаните, тоа е политичката визија на НСДП. Ако некој има добра идеја, треба да се прифати, а не да се жртвува поради тензии и политичка нетрпеливост“, порача Петковски.

На крајот претседателот Петковски ги повика присутните за поддршка на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, на кандидатот за градоначалник во општина КарпошДушко Весковски и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство