ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕТКОВСКИ И СЕКРЕТАРОТ ТРАЈКОВСКИ ВО ГОСТИВАР НА РЕГИОНАЛНА СРЕДБА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

14 септември, 2018

Претседателот на НСДП, Тито Петковски и секретарот на партијата, Кристијан Трајковски вчера во Гостивар остварија средба со раководствата на општинските организации на партијата од шестата изборна единица.

На регионалниот состанок се разговараше за престојниот референдум и неговата важност за иднината на држвата.

Претседателот Тито Петковски истакната дека мултиетничноста на македонското општество, етничката, религиозната и културна хетерогеност од осамостојувањето до денес се покажа како сигурен влог за опстојување на власт на криминогени и авторитарни политички структури.

„Во отстуство на силни демократски институции и недостаток на политичка култура, хетерогеноста на македонското општество се покажа како плодно тло за криминал, корупција, за задоволување на лукративни интереси под превезот етнички обоени политики. На тој начин Макеоднија со децении беше место исполнето со ризици, безбедносни предизвици, со лични и колективни економски и социјални трауми.  Државата посотојано беше надвинста над амбисот на дестаблизацијата“, рече Петковски пред раководствата на локалните партиски ограноци од шестата изборна единица.

Според Петковски во ваква повеќе децениски констелација на македонското политичико милје не постои друга алтернатива која може да ги амортизира сите анимозитети во општеството освен стекнувањето на безбедносни гаранции со полноправно членство во НАТО.

„Како дел од најмоќниот воен сојуз во светот, трајно ќе ги заштитиме нашите граници и територија.  Македонија од фактор на дестабилзиација ќе се трансформира во фактор на стабилност во регионот“, рече Петковски.

Претседателот на НСДП нагалси дека освенпридобивките од НАТО пред Македонија стојат и бенефициите од полноправно членство и во ЕУ.

„Посилен кохезивен фактор за етничките заедници во Макеоднија нема од вредностите на кои се темели ЕУ.  Затоа да избереме да бидеме дел од демократскиот свет , да создадеме можности за подобар живот за нашите деца, можноста за етнички конфликти да ја оставиме закопана длабоко во историјата.

Зачленувањето во ЕУ е позитивна промена која ќе резултира со изградба на европско општество и држава по европски правила“, рече Петковски, притоа порачувајќи  дека договоро со Грција е влог во нашата иднина и Македонија нема да има друга можност да постигне ваков или подобар договор во иднина.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство