19 јуни, 2022

Денес, заедно со коалиционите партнери се собираме во исклучително сложен политички, економски и безбедносен амбиент.
Условите во кои Владата и парламентарното мнозинство функционира се најтешки до сега, се наоѓаме во најголемата економска, енергетска, ценовна и безбедносна криза по Втората Светска Војна.
Со овој наш состанок ние покажуваме врвна и целосна посветеност, одговорност и фокусираност во решавањето на проблемите на граѓаните.
Владината коалиција е стабилна, единствена, ефикасна во работењето, но најважно од сѐ е посветена на подобрување на животниот стандард и интересите на граѓаните и државата.




