8 октомври, 2025
Вчера во Прилеп, пред промоцијата на кандидатката за градоначалничка и советничката листа, се одржа средба во партиските простории на ОО НСДП-Прилеп. На средбата присуствуваа претседателот на НСДП – Нова Социјалдемократска Партија,Горан Мисовски, потпретседателките Јулијана Цековска и Соња Мираковска, генералниот секретар на НСДП, Мики Милковски и раководството на општинската организација.

НСДП на овие избори има два кандидати за советници на коалиционата листа и тоа:
Изборот во Прилеп никогаш не бил појасен и полесен, затоа што ВМРО-ДПМНЕ за четири години го уништи градот.
Најголемо признание за хаосот кој го создадоа е фактот што не го кандидираат досегашниот градоначалник и сакаат да направат нова измама – сега нудејќи го Дејан Продановски.
Продановски е човекот кој три години претседава со Советот на општината и е исто толку одговорен за хаосот во кој се наоѓа градот како и актуелниот градоначалник.
















