31 јануари, 2024
Потпретседателот на НСДП – Нова социјалдемократска партија Зоран Маневски е избран за заменик на министерот за економија во Влада на Република Северна Македонија предводена од претседателот Талат Џафери.

Со 66 гласа „за“ пратениците, во рамки на 142. пленарна седница ги изгласаа кандидатите за заменик-министри што ги предложи Џафери, откако на 141.седница, беше избран за претседател на Владата на Република Северна Македонија.











