12 декември, 2023
Потпретседателката на НСДП – Нова социјалдемократска партија Соња Мираковска учествуваше на завршната сесија на Жан Моне Дијалогот во Франција, во куќата на Жан Моне.
Со ова заврши процесот Жан Моне дијалог, како резултат на кој се донесе новиот Деловник на Собранието на РСМ, за прв пат со широк консензус меѓу партиите.
Тоа е одлична основа во следниот мандат да има Собрание кое ќе биде ефикасно, со предвидлива агенда и Собрание кое ќе обезбеди услови за побрз влез во Европската Унија.