ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА НСДП МИРАКОВСКА СО ИЗЛАГАЊЕ НА ВОВЕДНАТА СЕСИЈА НА ШЕСТАТА ПЛЕНАРНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА НКЕУ МК

14 декември, 2023

Потпретседателката на НСДП – Нова социјалдемократска партија Соња Мираковска како заменик-претседателка на Националниот совет за евроинтеграции на Собрание на Република Северна Македонија, заедно со Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми денеска имаше свое излагање на воведната сесија на Шестата пленарна конференција на НКЕУ МК (НАЦИОНАЛНАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЕУ ВО РСМ).


Во воведната сесија свои обраќања имаа и Претседателот на државата, Стево Пендаровски, Амбасадорот на Мисијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, Претседателот на Европското движење на Италија и советник на Европската комисија, Пјер Вирџилио Дастоли и Националниот координатор на НКЕУ-МК, Милева Ѓуровска.


На Конференцијата се истакна дека Националната конвенција за Европската Унија (НKЕУ МК) веќе шест години дејствува како платформа за водење на структуриран дијалог за прашања поврзани со неколку поглавја од преговарачката рамка за членство во ЕУ.
На конференцијата се истакна дека има значителен простор да се работи, преку заедничко дејствување, да се врати поддршката на граѓаните за европската интеграција на Република Северна Македонија.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство