ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА МИРАКОВСКА ВО КАВАДАРЦИ НА ПРОМОЦИЈА НА КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК И СОВЕТНИЧКАТА ЛИСТА

10 октомври, 2025
Потпретседателката на НСДП – Нова социјалдемократска партија Соња Мираковска заедно со кандидатката за советничка од НСДП Даниела Ивановска и шеф на ОИШ НСДП Кавадарци, Дајана Мукаетова присуствуваа на промоцијата на кандидатот за градоначалник и советничката листа во Кавадарци.
11.000 лозари во Тиквешијата понижени од ВМРО-ДПМНЕ, време е за правда и достоинство. Време е за победа!
Кавадарци и Неготино заслужуваат власт што ќе служи, а не што ќе господари.
Доста беше понижувања и лаги од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски! Ветуваа промени, а донесоа сиромаштија, даноци и страв.
Лозарите пропаѓаат, земјоделците се борат сами, а работниците тонат во неправда.
ВМРО-ДПМНЕ одбија дополнителни субвенции од 3 денари по килограм грозје, не објавија производна цена на грозјето, и дозволија винариите да диктираат нефер откупни цени. Наместо да го заштитат трудот на лозарите, тие ги оставија сами, додека фаворизираат фирми блиски до власта.
Но, во Тиквешијата веќе не се молчи и од овде започнува промената.
✊Во Кавадарци – Виктор Велевски, човек што знае, што ги слуша сограѓаните и што работи.
✊Во Неготино – Петар Мантев, човек со чист образ, чесен човек на кој му верувате.
Тоа се луѓе кои не се кријат зад пароли, туку стојат лице в лице со народот.
Луѓе што нема да заборават од каде потекнуваат, луѓе што ќе го вратат гласот на граѓаните.
Време е да им покажеме дека народот не се плаши. Дека Кавадарци и Неготино не се купуваат со лаги и закани. Дека вистинската сила е во чесниот човек, во лозарот, во работникот, во граѓанинот што не се откажува.
🗳 На 19 октомври, гласаме за вистински луѓе од народот, не за партиски богаташи!
Гласаме за број 5️⃣ за #СДСМ #НСДП и Коалицијата.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство