29 ноември, 2023
Во организацијата на ОБСЕ се одржа последната работилница за имплементирање на законот за матична евиденција на која учествуваше потпретседателката на НСДП – Нова социјалдемократска партија Соња Мираковска.

МИРАКОВСКА: “Многу енергија, заложби, работа и волја се вградени до денес за решавањето на овој долгогодишен проблем на неевидентираните лица од страна на УВМК, МВР, МП, ЦСР, невладините организации, УНХЦР и ОБСЕ, како и од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Северна Македонија која го вршеше мониторингот за имплементација на законот целото ова време.”













