Петковски за бугарската ТВ Европа: Историските прашања не смее да бидат дел од преговарачката рамка за ЕУ

1 март, 2021

Претседателот на НСДП, Тито Петковски во интервју за „Слободна зона“, емисија која се емитува на бугарската телевија ТВ Европа, осврнувајќи се на евро-интегративните процеси на Северна Македонија и односот на Бугарија кон нив, истакнува дека историските прашања не смеат да бидат дел од преговарачката рамка за ЕУ, туку напротив, принципите содржани во Копенхашките критериуми треба да бидат основа за влез во унијата на една земја.

„Природно е Северна Македонија да инсистира да се прифаќаат регулативите на ЕУ, да се прифати дека земјата која ги исполнува Копенхашките критеируми има право да влезе во ЕУ. Споровите помеѓу двете држави, од аспект на историјата, треба да се решаваат надвор од преговорачката рамка, тие не смеат да бидат дел од неа. Ако е така, ниту една земја од Западен Блакан нема да влезе во ЕУ“, вели претседателот на НСДП, Петковски.

Петковски истакнува дека не може да се очекува усогласување историјата помеѓу Северна Македонија и Бугарија, притоа нагласувајќи дека кај нашито источен сосед постојат интелектуални кругови кои имаат апсолутно разбирање за македонските интереси.

„Прашањето на идентитетот, јазикот и историјата, задираат во суверенитетот на една држава, на еден народ. Доколку тоа некој го оспорува, ги повредува елементите на суверенитетот и се меша во внатрешните работи на една држава. Во 21 век тоа е анхронизам. Мора да се гради доверба, почитување, на таа основа да се гради пријателство“, рече Петковски, притоа изразувајќи оптимизам дека по завршувањето на изборите во Бугарија ќе се создаде позитивна клима за повторно градење на пријателски односи помеѓу двете држави.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство