Прес-конференција на претседателот на НСДП, Тито Петковски:
Со овааа видео презентација сакав да Ви прикажам две работи:
– Што значи злоупотреба на власт?
-И како функционира партиско судство?
Судијата Нухи Ристеми од Основниот Суд Скопје 2 ме осуди, а судијата Лидија Димчевска од Апелациониот Суд Скопје ја потврди пресудата со која на Никола Груевски како тужител треба да му исплатам 10 600 евра за нематеријална штета, а на судот да му платам 600 евра за судски трошоци или се на се со главницата и камата на Груевски треба да му платам 12 000 евра плус судските трошоци. И сето тоа заради она што Груевски го рекол, ама не го рекол, во што можевте и сами да се уверите преку виедо презентацијата или што би рекол самиот Груевски ..”само потсетуваме на она што било јавно речено на јавна сцена..”Со една реченица кажано: класична злоупотреба на власта и срамно и скандалозно судство.
1.Бидејќи во одлуката на Апелациониот Суд Скопје, не постои друго правно срество за заштита на моите права пред редовното судство, поднесов барања за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на РМ, повредени со поединечен акт, до Уставниот суд на РМ. Едновремено, побарав од Уставниот Суд да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечниот акт до донесувањето на конечната одлука.
Со ова се исцрпуваат сите правни средства во рамките на домагашното законодавство.Се разбира, доколку не сум задоволен од одлукта на Уставниот Суд ќе побарам помош од Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.
2.Кога станува збор за клевета и навреда од страна на политичар или новинар, кон политичар, праксата на европските земји во врска со казните покажува дека македонските политичари и особоно македонските судови се далеку од нив најмалку една светлосна година.
Еден министер од француската влада во 2012 година со одлука на францускиот суд беше прогласен за виновен за сторена навреда и клевета кон еден бизнисмен поради што му беше одредена парична казна од 4 евра. И тоа е највисоката казна во рамките на земјите членки на ЕУ.
Во демократските, развиени општества практиката покажува дека клеветите и навредите воглавном се надоместуваат со по едно евро. Се смета дека таа сума е доволна сатисфакција при докажувањето кој лажел, а кој ја зборувал вистината. Политичарите и јавните личности покажуваат поголема флексибилност и отвореност кон критиките кои содржат вредносни оценки, кои се од интерес за покренување на прашања од широк јавен интерес. За критики искажани кон власта или државните органи, европските судови имаат висок степен на толеранција.
3.Во Македонија, функционер од власта кога тужи за клевета или навреда, очекува да добие премија на лото. Добиваат огромни суми на пари од тужените се разбира ако се од опозицијата или новинари и веќе јавно се фалат каков автомобил ќе си купат или како со туѓу пари ќе станат хуманитарци, демек парите ќе ги подарат во хуманитарни цели. Судиите пак што ги досудуваат овие високи надоместоци, се бранат дека немаат искуство и молат за прошка, но не им паѓа на памет да ја погледнат праксата на Европските судови и Меѓународниот суд за човекови права.
4.Во досегашната судска пракса во Македонија се покажа дека за душевна болка нема сатисфакција, а лекот за душевната болка зависи од висината и влијанието на државната функција. Така министерската душа се лекува со 5 000 до 10 000 евра, додека премиерската со над 10 000 евра.
Кога во улога на тужен е државен функционер или медиумски подржувач на власта, судскиот ценовник се движи од 100 до 300 евра.
Само еден миленик на власта беше казнет со 500 евра ама пресудата се уште не е правосилна.
5.Целта на државните функционери и на судот е јасна- заплашување и одмазда кон сите што мислат поинаку од власта,
Со масовните тужби до партиските судови на ВМРО ДПМНЕ, луѓето од режимот на Груевски бараат многу пари но, на јавна сцена, воопшто не покажуваат душевни болки и слични нарушувања на здравјето. Тие се свесни дека со такви здравствени проблем веќе утредента по нанесената болка треба да продолжат непречено да ги извршуваат своите професионални активности. Во меѓувреме воопшто не одат на било каков психотерапевтски третман, или барем немаме такви информации или документи.
6.Бидејќи самите судови по тужби на државните функционери, потврдуваат дека тие “..претрпеле силни душевни болки..” а не оделе на терапија за оздравување од болките, произлегува дека Македонија е држава со пречки во развојот.
Компетентни психијатри потврдуваат дека, со такви дијагнози како што се “посттрауматско стресно растројство” личноста не е во состојба да функционира ниту на професионален, ниту на социјален ниту на семен план, а за сложени и одговорни државни функции не може да стане ниту збор.