Петковски: Договорот Заев – Мицкоски е пред едно огромно минско поле кое што се нарекува Собрание – никој не може да очекува што и каде ќе експлодира

30 март, 2021
Се уште не мислам дека испишуваме историја. Направен е компромис за нешто што е многу важно, во многу важен момент, но сега договорот е пред едно огромонско минско поле кое што се нарекува Собрание на Република Северна Македонија. Никој не може да очекува што и каде ќе експлодира, изјави во Утрински брифинг лидерот на НСДП, Тито Петковски во врска со договорот Заев – Мицкоски.
Според него многу убаво прозвучи овој договор, но праксата покажува дека честопати кога ќе се пристапи кон реализација на еден политички договор таму има многу непознати, бидејќи, според него интересот е личен, партиски, групен, па дури тогаш државниот интерес или интересот на граѓаните.
-Македонија често пати пали на туркање. Не може да се потценува и интервенцијата на Палмер во оваа ситуација. Но убеден сум, тргнувајќи од она што двајцата го направија и сработија до сега, сепак во преден план е нивниот личен интерес. Зошто – затоа што и двајцата сфатија дека ѓаволот ја однесе шегата, дека работите отидоа предалеку, дека можат да излезат надвор од контрола и дека може да ги чини политичка кариера. Едноставно беа приморани да ги повлечат овие потези и сфатија дека ова е нивнат апоследна шанса да останат во политичкиот живот, додава Петковски.
Целата изјава на претседателот Петковски може да ја погледнете ОВДЕ(Слободен печат)

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство