Пендаровски во првиот видео спот со силна порака за заедништво и обединување

1 април, 2019

Денеска на своите профили, заедничкиот кандидат за Претседател на 30 политички субјекти го промовираше видео спотот за песната „Сите едно пееме“, со која и го најави официјалниот старт на кампањата.

Со стиховите „Сите едно пееме, вечерва од љубов семе сееме, полиња со среќа полни жнееме, еден свет без граници да живееме“, песната на Стево Пендаровски мотивира, инспирира и испраќа силна порака за заедништво, соживот и единствената иднина која ја има оваа наша прекрасна земја.

Видео спотот носи силна визулена поткрепа од убавините на нашата земја, планинските врвови и реки и единственото македонско зајдисонце, прекрасното Охридско езеро, револуционерното Крушево, старата скопска чаршија и традициите кои живеат во неа, хероите на македонскиот спорт и уште многу други.

 

Во своето обраќање на крајот од спотот, Пендаровски повикува на обединување и потстетува дека патот што го изодевме беше долг и тежок, но и дека само обединети во една заедничка цел, можеме да продолжиме напред и да изградиме држава во која сите ќе сакаме да живееме.

„Заедно напред. Затоа што заслужуваме модерна, Европска држава“, завршува Пендаровски.

Видео спотот од песната „Сите едно пееме“ можете да го погледнете на YouTube каналот на Стево Пендаровски https://www.youtube.com/watch?v=594pYGUsxUY&feature=youtu.be и на официјалните профили на Пендаровски на социјалните мрежи.

 

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство