Пендаровски во Косово, со предавање на Универзитет и средба со косовскиот премиер Хашим Тачи

24 април, 2014

Денеска, кандидатот за претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски на покана на Универзитетот „ААБ“ од Приштина одржа предавање на тема „Надворешната политика на Република Македонија и односите со соседните земји”. По предавањето Пендаровски одговараше на прашањата од студентите и останатите присутни.

За време на посетата на Приштина, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски оствари кратка средба со косовскиот премиер Хашим Тачи.

На средбата тие разговараа за односите помеѓу Македонија и Косово како и за прашања кои се во интерес на регионот вклучително и евро – интеграцискиот процес на двете земји.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство