Пендаровски со жителите на Ранковце: Заедно напред, за број 3, да го забрзаме развојот и интеграцијата во ЕУ и НАТО

17 април, 2019

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски на средба со жителите на Ранковце побара поддршка на изборите, да се заокружи бројот 3, да се гласа за концептот што води напред, што ја носи државата во Европа.

– Отворени се вратите кон ЕУ и НАТО и затоа овој момент мора да го искористиме за да ги продолжиме позитивните промени. Со членството во НАТО, со почетокот на преговорите со ЕУ, се забрзува развојот, економијата станува конкурентна, се отвораат фондови за поддршка на земјоделците и се обезбедуваат повеќе пари за граѓаните. Да покажеме одговорност пред државата и да гласаме за напредок, истакна Пендаровски.

Другата опција, посочи Пендаровски, нема план, нема идеја, тие нудат само уништување кое води во изолација. Да не дозволиме да се врати времето кога имаше живот само за партијата на власт и фамилијата.

– Не смееме да дозволиме никој да се коцка со иднината на младите и државата не смееме да дозволиме некој да нѐ враќа во темното минато. Затоа, во недела заедно сплотени да излеземе масовно на изборите и да гласаме за број 3, да продолжиме заедно напред, повика Пендаровски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство