Пендаровски: Само со меѓусебно почитување може да изградиме општество што обезбедува мир и благосостојба за сите

27 април, 2019

По повод христијанскиот празник Велики петок, кандидатот за претседател Стево Пендаровски заедно со семејството беше во посета на Марков манастир во населеното место Маркова сушица.

При посетата, Пендаровски упати порака на помирување, заедништво и благосостојба во велигеднските денови што претстојат.

– Во овие денови кога сме препуштени на духовниот мир и личниот спокој, да испратиме порака дека толеренацијата, пријателството, меѓусебното почитување и помагање не се само христијански, туку и универзални човечки вредности. Само со почитување на овие вредности и денеска и секој ден во годината, може да создадеме општество што обезбедува мир и благосостојба за сите. Само ако меѓусебно се помагаме и разбираме можеме да одиме заедно напред кон подобра иднина за нас и за следните генерации, порача Пендаровски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство