ПЕНДАРОВСКИ ОД КУМАНОВО: ПРОМЕНИ ЗА ЕДНАКВО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ!

2 април, 2014

Партизацијата на институциите доведе до тоа младите да си ја бараат среќата надвор од границите на Македонија. За да нашата земја стане дом на сите граѓани прва наша задача е создавање на шанса за помладите генерации да најдат работа овде согласно своите знаења и квалификации, истакна претседателскиот кандидат Пендаровски на денешниот централен настан во Куманово.

Оваа Влада има дискриминаторски однос кон Куманово. Работите што се под надлежност на општината ги превзема се со цел да се блокира нејзината работа. Кое е вашето мислење во однос на ова прашање, се интересираа кумановчани.

Јас мислам дека интересот и волјата на граѓаните е единственото мерило според кое една власт треба да се раководи. Како претседател на Република Македонија за тоа да биде така жестоко ќе се борам, потенцираше Пендаровски пред кумановчани.

Игнорантскиот и дискриминаторски однос на владејачката партија кон помалите етнички заедници исто така беше во фокусот на прашањата од кумановчани.

Никој не смее да биде отфрлен само заради тоа што припаѓа на различна етничка заедница. На ова парче земја повеќе немаме простор поделба на граѓани од прв и втор ред. Ни претстојат сериозни промени на нашето општество. Тоа мора да биде еднакво за сите нас, рече Пендаровски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство