Пендаровски од Крива Паланка: Гласот за Гордана е глас за нов Иванов, да не дозволиме враќање назад

17 април, 2019

Граѓаните на Крива Паланка ја покажаа својата силна поддршка за кандидатурата на Пендаровски со масовно присуство на денешната заедничка средба и трибина со Стево.

Салата беше премала за да можат да влезат сите граѓани, и Пендаровски ги повика сите надвор на отворено, од каде, се заблагодари за поддршката и порача дека го мотивира тоа што граѓаните ги гледа сплотени и решителни да се изборат за напредокот на државата.

„Гласот за Сиљановска Давкова значи трет мандат за Иванов, гласот за Мицковски на некои наредни избори ќе значи враќање на Никола Груевски. Името е друго, но политиките се исти. Да не дозволиме да се вратиме назад во црното минато, сите знаеме како беше за време на Режимот“ рече Пендаровски.

Тој нагласи дека Македонија со поканата за НАТО има меѓународна потврда за својата безбедност и граници.

„Сега е многу важно да продолжиме напред. Со добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ ќе ни се отворат можности за поголем економски развој, напредок на земјоделието, здравството, образованието и инфраструктурата. Јас, како иден претседател, државата ќе ја носам напред кон целосна интеграција во ЕУ, рече Пендаровски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство