ПЕНДАРОВСКИ ОД ГОСТИВАР: КОНЕЧНО Е ВРЕМЕ ДА ПРЕСТАНЕ ПОЛИТИКАТА РАЗДЕЛИ ПА ВЛАДЕЈ!

28 март, 2014

Со овации и аплаузи гостиварци ја покажаа поддршката за Пендаровски

stevo gostivar

Во преполната сала во Домот на културата во Гостивар вечерва гостиварци го пречекаа кандидатот за претседател Стево Пендаровски. Со овации и силни аплаузи, тие силно ја покажаа својата поддршка.

-Денеска додека го шетав овој регион, во разгвор во граѓаните ме прашаа дали сум подготвен за дуел со актуелниот претседател? Подготвен сум во било кое време, на било кое место, на било која од нивните телевизии да излезам на дебата. Заедно може да бидат и Груевски и Иванов. Но, верувајте ми, тешко е да влезете во дебата со човек кој тврди дека Жак Ширак бил претседател на Америка, рече Пендаровски.
Тој пред гостиварци зборуваше за поделбите во државата, за лошата надворешна политика.

-Во овој момент драги пријатели Македонија нема ниеден пријател од петте соседи кои не опкружуваат. Ние бидејќи не сме велесила во светот, не можеме да претендираме да водиме таква политика на сите континенти. Но, можеме да ги средиме односите со нашите комшии. Мене ми е јасно зошто немаме добри односи со Грција, нивната радикална политика не доволува голем маневарски простор за такво нешто. Меѓутоа баш со ниеден комшија од петте да немаш добри односи, тоа кажува повеќе за тебе отколку за комшиите, зборуваше пред гостиварци Пендаровски.

-Претседателот е тука да биде слуга на народот, а не да го омаловажува и гази својот народ. Политичарите од било кој ранг, посебно претседателот, треба да биде слуга, а не да се однесува како газда на народот. И пет мандати да добиеш, треба да му служиш на својот народ, а не да го понижуваш и омаловажуваш, додаде Пендаровски акцентирајќи ја важноста на претседателската функција.

stevo gostivar 1

Тој повика на единство за конечно Македонија да зачекори напред.

-Македонија живее од кредити. Живееме исклучиво од позајмени пари. Таа политика да се купи се што може да се купи, само да се задржи фотељата и власта, треба да престане додаде Пендаровски.

Кандидатот за претседател Пендаровски, остана отворен и за прашања од гостиварци кои вечерва во голем број му ја дадоа својата поддршка.

mzp

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство