Средби со граѓани на Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Ранковце, Кратово, Старо Нагоричани
Не само овде и не само во овој регион градот има и градоначалник и сопственик.Не само овде и не само во овој регион не се почитуваат човековите слободи и права. На една од телевизиите што вие многу добро ја знаете не ја прикажуваат вистинската слика за нашето секојдневие. Но, доволно е да погледнете во вашите џебови и таму нема да го видите имотот на сопственикот на тој медиум и овој град, истакна Пендаровски на средбата со граѓаните на Кратово.
Нашите пари од сметките за вода, струја, завршуваат на една сметка, рече еден од граѓанитe.
Сакам да порачам и овде како и на секое друго место, дека никому не треба да му припаѓа ниту статусот на господар, ниту статусот на потстанар во нашата земја, рече Пендаровски.
Во Старо Нагоричане жителите се пожалија дека се толку блиску до градот, асепак далеку од цивилизацијата.
По 8 изгубени години треба да почнеме да ја поправаме катастрофалната состојба на овие населени места ширум Македонија. Иако тоа не се надлежности на шефот на државата јас ви ветувам дека нема да замолчам предтрошењето на народните пари во неразвојни проекти кои не закопуваат во бетон и бронза. Затоа излегувам пред вас со јасен концепт во кој граѓанинот на Република Македонија е на пиедесталот, потенцираше претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Старо Нагоричане.