ПЕНДАРОВСКИ: НАМ НИ СЕ ПОТРЕБНИ НОВИ ЛУЃЕ СО НОВИ ПОЛИТИКИ ЗА ЕДЕН НОВ ПОЧЕТОК ЗА НАС И НАШАТА ЗЕМЈА

29 март, 2014

Средби на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Свети Николе, Лозово и с.Иванковци

За нас нема перспектива овде. Немаме иднина, немаме зошто да останеме овде. Што би направиле вие за нас, го прашаа младите од Свети Николе претседателскиот кандидат Пендаровски.

Јас вас ве разбирам.Во држава каде што нема напредок нема ни иднина ни перспектива. Ни за младите ни за возрасните. Ние возрасните треба да создаваме шанса за вас. Одвојувањето на приватното од државното е првиот чекор, нови работни места за вас ќе придонесат кон тоа да останете овде со вашите семејства независни како што ви доликува, им одговори Пендаровски.

Сакам да ве прашам нешто. Дали има формула за спас на оваа наша земја, го прашаа претседателскиот кандидат Пендаровски во Лозово.

Секако дека има. Ама не со овие луѓе што се осум години на власт. Тие толку знаат, толку умеат, толку сакаат. Со нив ние немаме иднина. Нам ни се потребни нови луѓе со нови политики за еден нов почеток  за нас и нашата земја.

Вие не читате говори од лист, зборувате искрено и чесно, вие ќе бидете идниот претседател на Македонија, рече еден од жителите.

Пред неколку години ние како држава бевме далеку пред соседните земји. Денес, сите се пред нас. Денес ние немаме со што да се пофалиме. Немаме пријатели а држава без пријатели тешко оди напред.

mzp

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство