Пендаровски на средба со граѓански активисти: Граѓанското движење е срцето на демократијата, нема да дозволиме враќање на режим

2 мај, 2019

Стево Пендаровски, кандидатот за претседател, поддржан од граѓаните и од 31 политичка партија денеска на средба со граѓански активисти, разговараше за актуелната состојба, за нерешените проблеми, за работата на институциите и предлозите на активистите за подобрување.

Има прашања за кои постои основа и треба отворено да се критикува, целта е слабостите треба да се отстранат и сериозно да се работи на отстранување на сите аномалии на кои граѓаните и активистите укажуваат, рече Пендаровски.

-Граѓанското движење е срцето на демократијата во секоја држава. Затоа го почитувам и го ценам вашиот ангажман. На 5 мај имаме контра опција на ова што ние го нудиме. Нивната опција не враќа во најтемното време на Груевизмот, ако таа госпоѓа победи тоа значи и враќање на нивниот почесен претседател Никола Груевски во државата, додаде Пендаровски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство