Средби на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во гостиварско – дебарскиот регион
Тука сум да ја побарам вашата поддршка за заедништво. Претседателот мора да обединува, не смее да дели. Јас ќе бидат таков Претседател, ќе обединувам. Македонија е мајка на сите, без разлика на вера и нација, рече Стево Пендаровски на средбите со граѓаните на село Могорче и Гостивар.
Нам ни е потребен претседател кој ќе не потсети дека сите сме исти, дека не мачат исти проблеми, дека имаме исти грижи. Затоа веруваме во вас и ви ја даваме нашата поддршка, зборуваа граѓаните.
-Само заедно можеме да ја кренеме Македонија на нозе. Мото на оваа власт е раздели па владеј. Со вакви поделби како што се сега, со ваква економија, Македонија речиси е ничкосана. Да не дозволиме тоа да се случи. Имаме шанса да се обединиме и треба да ја искористиме, рече Пендаровски.
Тој ја посети џамијата во Могорче, каде беше срдечно пречекан, како и црквата св. Богородица во Гостивар.
Жителите од Врапчиште се интересираа дали Пендаровски би прифатил дуел, јавно соочување со актуелниот претседател на државата.
-Јас сум секогаш подготвен, но оваа власт не е научена на такво нешто. Тоа што кампањата на Иванов ја води премиерот доволно говори. Но, тоа повеќе не смее да биде така. Претседателот мора да ги слуша проблемите на народот, да биде вистински татко на нацијата и чувар на уставот. Претседателот е важна фигура која обединува. Македонија заслужува таков претседател. Јас ќе бидам таков претседател, рече Пендаровски .
Топол пречек и во гостиварско Ростуше за кандидатот за претседател Стево Пендаровски. Ниту силниот дожд не ги спречи жителите на Ростуше да дојдат на средба со Пендаровски и да му кажат како што велат што им лежи на срце.
Овој регион е еден од најзаборавените и најзапоставените во Македонија. И тоа не е случајно. Централната власт мисли само на три работи. Како да ги наполни своите џебови, како да го обезбеди своето семејство и како да не мисли на вас. Затоа треба да решиме дали ќе им дадеме поддршка на овие кои имаат се , а вие ништо.
Потребен е нов почеток за Македонија, потребен е нов претседател, потребна е нова влада, рече Пендаровски.
Жителите се жалеа дека им е смачено од поделби. Зборуваа за иселувањето на младите.
Овде, ова село останаа да го чуваат старците и децата. Сите заминаа. А, тие што останаа се мислат како да си одат, рече еден жител.
Поделбите се најлошото нешто што се случува и ја уназадува државата, рече Пендаровски.