ПЕНДАРОВСКИ: ИВАНОВ НЕ СЕ МЕША ВО СВОЈАТА РАБОТА

29 март, 2014

Средби на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски со жителите на с.Оризари и Чашка

Ова е вистинскиот час за да одиме напред,доста мака мачиме да закрпиме ден за ден. Ја имате нашата поддршка, ние веруваме во вас.

Вака го пречекаа жителите на Оризари претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Ви кажувам фер и искрено гледајќи ве во очи. Мојата цел е Македонија да биде едно поинакво и поубаво место за живеење на среќни граѓани. Мојата намера е да бидам активен претседател на сите граѓани на Република Македонија. За мене не постојат тие, вие, оние или овие. Постоиме сите ние, еднакви пред институциите на оваа држава. И од мојата цел и намера не отстапувам, потенцираше Пендаровски.

Сиромаштијата не знае за поделби. На секоја врата чука. Ама на вести не велат така. Јас сум земјоделец цел живот, сакам сам си си ја обработувам земјата ама Владата не ми дозволува, не создава услови за нас и нашиот плод, се пожали еден од земјоделците во Општина Чашка.

Ако субвенции има, која е тогаш логиката од година во година во Македонија се повеќе да се увезува храна? Вистинското прашање е дали тие субвенции ги добиваат вистинските трудољубиви земјоделци, посочи претседателскиот кандидат Пендаровски.

Ние 5 години немаме претседател, не знаеме што тој работи и што тој значи за нашата држава, рече еден од граѓаните.

Тој не се меша во својата работа. Така му велат и тој така прави, не се меша во својата работа, одговори Пендаровски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство