Средби со граѓани на кандидатот за претседател на РМ, Стево Пендаровски во Студеничани и Батинци
Почитувани,
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска меѓу граѓаните во скопско. Во Студеничани и Батинци, Пендаровски неуморно ги слушаше нивните проблеми кои ги тиштат секојдневно.
Не само што е заборавен патот во Батинци, туку и луѓето ги заборавиле . Студеничани тапка во место – рече Пендаровски.
Граѓаните се жалеа на сиромаштијата, нееднаквиот однос на властите кон граѓаните, иселувањата.
Мојот концепт е да се обратам кај секој граѓанин без разлика на етничката и партиската припадност. Нема мои и твои , бидејќи еден против друг ако се завртиме ќе ја нема Македонија. Јас нема да бидам ничиј чирак. Секој закон кој нема да важи за сите граѓани ќе го вратам во парламентот – рече Пендаровски.
Пендаровски побара од граѓаните да се даде шанса на нови луѓе, зошто како што кажа , актуелната власт е елементарна непогода.
Секој со свој ум , разум и совест на 13-ти април, нека одлучи меѓу двата концепта за Македонија – повика Пендаровски.
(Дел од сликите се превземени од порталот www.a1on.mk)