ПЕНДАРОВСКИ: ЌЕ ГИ РЕШАВАМ ПРОБЛЕМИТЕ, НЕМА ДА БЕГАМ ОД НИВ

3 април, 2014

Средби на кандидатот за претседател на Р.Македонија, Стево Пендаровски, со жителите на населбите Илинден, Петровец, Зелениково и околните места

Средби на кандидатот за претседател на Р.Македонија, Стево Пендаровски, со жителите на населбите Илинден, Петровец, Зелениково и околните места

Граѓаните во скопските села, Кадино, Мралино, Огњанци се собраа во голем број да го слушнат, да го поздрават и да му ја дадат својата поддршка на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

-Дојдов да зборувам тука со вас, да ги слушнам вашите маки, да си направиме човечки муабет. Сакам да ви го претставам мојот концепт. Тоа е концепт без делби. Дали имате или не партиска книшка, јас не сакам да правам поделби. Тука сум да се обединиме. Важно е кој каков занает знае, кој какво знаење има, кој на кој начин може да придонесе за доброто на Македонија. Се додека не се гледа така на работите, младите масовно ќе ни бегаат од земјава. Јас предлагам да гласате за правилниот концепт, кој ќе ја врати Македонија на вистинскиот колосек, порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

 

Жителите на Петровец го дочекаа Пендаровски со роденденска торта. Посакаа тој да биде претседател на државата.

-Јас ќе бидам претседател на сите граѓани. Едно од главните начела по коишто ќе се водам е на сите да им се даде подеднаква шанса за успех, вети Пендаровски.

Граѓаните најчесто прашуваа дали ќе има дуел? Велат граѓаните се гладни за политичка дебата.

-Јас прифаќам, сакам дебата со сите четворица кандидати. Тоа е демократска шанса на сите кандидати да се претстават пред народот, да ги искажат своите мислења и своите ставови, рече Пендаровски.

Жителите на Средно Коњари се пожалија дека во средината во којашто живеат се  поделени на “нивни и други“. Субвенции не им се исплатени, социјалната помош им е скратена.

Во скопско Зелениково се разви голема дебата. Жителите прашуваа и со внимание го слушаа претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Му се пожалија дека младите се иселени, дека немаат чешма, немаат инфраструктура.

-Маките ви се големи. Но, јас нема да бегам од нив. Само нивното решавање ќе ја води Македонија напред, одговори Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Република Македонија.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство