ОТВОРЕНИ ВРАТИ ЗА ПЕНДАРОВСКИ ТАМУ КАЈШТО ГИ ЗАТВОРИЛЕ ЗА ИВАНОВ

8 април, 2014

Средби на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Македонски Брод, Суводол, Пласница

Најголемата мака што ја имаат луѓето во Македонски Брод е иселувањето, поради потребата од егзистенција.

На претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, тие се пожалија дека во 21-от век немаат вода во своите домови. Велат, но тоа не важи за привилигираните жители со партиски книшки.

 

– Власта ги дели своите граѓани по сите основи, па и по тоа кој ќе има вода за пиење, а кој не. Држава којашто прави разлика меѓу своите граѓани е лоша држава. Оваа власт создаде две категории граѓани, членови на ВМРО – ДПМНЕ и на сите останати, рече Пендаровски.

– На 13-ти април пред себе, на ливчето ќе имате два концепта. Едниот којшто го цени граѓанинот со име и презиме и квалитет и другиот што пред `се ја става партијата. На 13-ти и на 27-ми април вие сте тие кои треба да ја решат дилемата во каква Македонија ќе живееме, порача Стево Пендаровски.

Тој ги посети и жителите на Суводол, пред кои го презенитраше својот концепт за Македонија и внимателно ги ислуша нивните проблеми. Во Пласница Пендаровски беше масовно пречекан. Го отпоздравуваа со насмевки. За нив тој е веќе нивниот Претседател.

– Најголем успех за мене е што ме примивте во својот крај. Слушнав дека некој не успеал да дојде тука, не сте ги отвориле своите порти за него. Среќен сум што концептот што јас го презентирам тука веќе е воспоставен. Моделот за соживот се задржал таков каков што треба да биде. Луѓето тука се почитуваат меѓусебно, а јас тоа сакам да го видам во цела Македонија, порача Пендаровски од Пласница.

– За мене има наши и наши, за мене сите сте мои и јас сум ваш. Македонија може да биде просперитетна држава ако се држиме еден до друг. Тоа ви го гарантирам, истакна Пендаровски во своето обраќање.

Жителите му поставуваа прашања, ги споделуваа своите проблеми што им го отежнуваат секојдневието, барајќи надеж за подобро утре.

– Претседател на несреќни луѓе е неуспешен претседател. Пендаровски одговараше на нивните прашања и им порача, да дадат шанса на нови луѓе и на нови политики.

 

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство