Отворена канцеларија за контакт со граѓаните на кандидатот за советник во Гази Баба

29 септември, 2021

Кандидатот за член во Советот на општина Гази Баба од редовите на НСДП, Марјан Младеновски отвори канцеларија за контакт со граѓаните во оваа скопска општина.  На отворањето присуствуваа претседателот Тито Петковски, организацискиот секретар Кристијан Трајковски и секретарот за меѓународна соработка Стојанче Манев, како и членови  и симпатизери на НСДП од оваа скопска општина.

Пред присутните се обрати претседателот Петковски, кој повика на мобилизација и концентрација нa промоција на листата на кандидати за советници во Гази Баба од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ и поддршка за кандидатот за градоначалник Борис Георгиевски.

„Проблеми со кои граѓаните се соочуваат во своето секојдневно живеење и за кои очекуваат решение од градоначалниците и членовите на општинските совети се прагматични проблеми за чие решавање се бара и отвореност на локалните институции и функционери. Како политичка партија, со денешеното отворање на оваа канцеларија на нашиот кандидат за член во советот, правиме еден симболичен чин, испраќајќи порака до граѓаните дека како политичка партија сме овде да ги детектираме нивните проблеми, заеднички да градиме решенија и предлози за нивно надминување, сето тоа да го канализираме кон локалните институции“, порача претседателот на НСДП, Тито Петковски.

Марјан Младеновски истакна дека оваа канцеларија ќе биде место во кое граѓаните ќе може да со него секојдневно да разговараат за навините проблеми, да даваат предлози и идеи за тоа како гледаат на идниот развој на општината.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство