ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ГРУЕВСКИ – 25 ИЛЈАДИ БУГАРСКИ ПАСОШИ И 100 ИЛЈАДИ ИСЕЛЕНИ ЗА ТРИ ГОДИНИ

17 март, 2014

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo

Резултатот на портокаловата револуција и патриотизмот на Груевски од  реализирани 1009 проекти за три години се гледа преку 100-те илјади иселени, претежно млади луѓе од Македонија и 25-те илјади бугарски пасоши за македонските граѓани. На секој реализиран проект од Груевски се иселувале по 100 граѓани од Македонија, а од нив 25 земале бугарски пасош.

Сликата за Македонија реформирана од патриотот Груевски се гледа преку: првото место по мизерија во Европа, првото место по сиромаштија и невработеност, најмалку странски инвестиции на Балканот, најмногу сомнителни тендери и трансакции со белосветски преваранти и осуденици.

Ни збор за забелешките на Стејт департментот за слободата на изразување, слободата на печатот, независноста на судството, политичките затвореници и човековите права и слободи.

Груевски со театарот наречен „ОТЧЕТ“ уште еднаш го прекрши Изборниот законик, го маргинализираше учеството на ДУИ во Владата и повторно прати порака дека партијата е државата, а тој е месијата.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство