Османи: Пендаровски е симбол на внатрешната инетргација и затоа ќе биде претседател кој ќе обединува и во добро и во лошо

17 април, 2019

Стево Пендаровски е вистински конзенсуален кандидат за претседател, затоа што ја има поддршката од сите етнички заедници, поддршката од 30 партии и е предвесник на нашата европска иднина, порача денеска на големиот граѓански митинг, Бујар Османи од политичката партија ДУИ.

Османи порача дека денешната поддршка, денешното заедништво ја покажува европската срж на нашето општество, ја покажува вистинската слика на Европа на Балканот и е доказ дека се движиме на вистинскиот пат.

„Пендаровски е симбол на нашата внатрешна инетргација и кохезија помеѓу различните етнички заедници. Тоа е нашата предност и како граѓани и како заедница и како држава. Тоа е нашата предност на 21 април наспроти другите кандидати. Токму затоа Стево Пендарвоски ќе биде идниот претседател на Република Северна Македонија, ќе биде гласот на разумот и претседател кој ќе ги обeдини сите заедници и во добри и во лоши времиња“, истакна Османи.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство