Организацискиот секретар Трајковски и потпретседателот Мисовски на средба со ОО на НСДП во Тетово

4 октомври, 2021

Органзиацискиот секретар Кристијан Трајковски и потпретседателот Горан Мисовски, пред почетокот на централниот митинг на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ се сретнаа со дел од раководството на општинската организација на НСДП во Тетово.

На средбата се разговараше за досегашнто активно учество на партијата во предизборните активности на коалицијата во шестата изборна единица, како и за продолжување на предизброните промотивни активности на програмите и кандидатите за советници и градоначалници во шестата изборна единца.

По средбата со дел од раководството на општинската организација, организацискиот секретар и потпретседателот присуствуваа на централниот митинг на коалицијата, кој се одржа на градскиот плоштат во Тетово.

Кандидат за советник во општина Тетово од НСДП е членот на Извршниот одбор на партијата Панче Филипоски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство