НСДП ВО КОЧАНИ ГО ФОРМИРАШЕ И ПРОМОВИРАШЕ ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ

12 февруари, 2024

НСДП – Нова социјалдемократска партија во Кочани го формираше и промовираше Општинскиот изборен штаб на НСДП – Кочани за претстојните претседателски и парламентарни избори.


За шеф на ОИШ на НСДП Кочани е назначен претседателот на општинската организација Оливер Досевски.
На промоцијата присуствуваа претседателот на НСДП Горан Мисовски, шефот на Централниот изборен штаб (ЦИШ) на НСДП и генерален секретар на партијата Мики Милковски, заменикот на шефот на ЦИШ и организациски секретар на НСДП др.Венцо Вуинов и потпретседателката на НСДП Соња Мираковска.

Пред присутните за настапот на НСДП на претстојните извори, за активностите кои следат до изборната кампања, стратегијата на НСДП за изборите, за програмската понуда на НСДП, но и за политиките кои успешно ги реализираше владеачката коалиција говореа: претседателот Мисовски, генералниот секретар Милковски, потпретседателката Мираковска, организацискиот секретар Др.Венцо Вуинов и координаторот на РИШ на НСДП за ИЕ.3 Оливер Досевски.
Присутните на средбата изнесоа предлози за следните приоритети на НСДП и позитивни критики за подобрување на начинот на презентирање на се што е направено во изминатите шест години од страна на владеачката коалиција, за проблемите кои ги засегаат граѓаните од истокот и други конструктивни забелешки.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство