НСДП: Власта ги внесува Македонците и Албанците во конфликти

7 јули, 2014

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

НСДП постојано укажуваше дека Груевски и Ахмети,заслепени од желбата да останат и да ја зголемат сопствената власт и моќ, свесно ги туркаа Македонците и Албанците во постојан конфликт и меѓуетнички тензии. И двајцата лидери во предизборието ГРМЕА по плоштадите во РМ со своите националистички пораки.

Никола Груевски бараше 62 мандати од Македонците за да не го уценува Али Ахмети и да не му бара албански јазик и промена на Уставот, со што практично директно ги провоцираше Албанците, при тоа правејќи се дека заборавил на периодот 2008-2011 година, кога ВМРО ДПМНЕ имаше 64 пратеници, кога ги амнестираше хашките случаи, кога во Собраниските комисии се воведе двојазичноста и кога се променија имињата на повеќе училишта со имиња на албански борци на УЧК. Али Ахмети, провоцирајќи ги Македонците, од Албанците бараше 25 мандати за да не може Груевски сам да прави Влада.

По примерот на Ѓорче Петров македонската јавност може да се увери кон што води националистичката и шовинистичката политика на Никола Груевски и Али Ахмети, демонстрирана за време на предизборната кампања на последните избори во РМ.

НСДП е уверена дека националистичката игра во која ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се повеќе се вплеткуваат може да биде трагична за Македонија и да не врати во конфликтната 2001 година. На крајот за жал,на штета на Македонските национални интереси,победи тендерократската политика на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство