НСДП: Пендаровски е вистинскиот човек за функцијата Претседател

11 април, 2014

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

Во првиот круг на претстојните претседателски избори влегуваат четворица кандидати но, јавна тајна е дека вистинската битка ќе се води меѓу кандидатот на опозицијата Стево Пендароовски и оној на Власта досегашниот претседател Ѓорге Иванов. Сите други се само иконографија кои за цел имаат да ги потрошат гласовите на неопределените и на опозицијата и ќе завршат на контото на власта. Оттаму Нова социјалдемократска партија-НСДП верува дека македонските граѓани ќе бдат исправени пред своевиден референдум, да одлучуваат меѓу новото и старото, меѓу прогресивното и ретроградното, меѓу она што ни отвора перспективи и меѓу она што не затвори во балканските стереотипи на недоразбирање.

НСДП смета дека на Македонија во вој момент и треба Претседател што достојно ќе ја претставува државата и дома и во странство, што ќе биде почитуван и респектиран од сите и кој ќе биде Претседател на сите граѓани без разлика дали тие гласале за него или не.

НСДП смета дека кандидатот на опозицијата Стево Пендаровски е вистинскиот човек за функцијата Претседател. Тоа е личноста која може да ги донесе промените во Македонија, а на граѓаните да им обезбеди рамноправен третман во општеството, да биде независен од политичките гарнитури на власта, неместо да им биде сервилен каков што во голема мерка беше Ѓорге Иванов.

Затоа НСДП ги повикува сите граѓани на Македонија кои размислуваат со своја глава без разлика на која партија и припаѓаат, да излезат масовно на изборните места и да гласаат за за Претседател од чии гафови нема да се срамат, да гласаат за Стево Пендаровски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство