Организацијата на жени на НСДП-Куманово организира трибина за женски активизам

30 ноември, 2018

Активот на жени на НСДП општинска организација Куманово, организира панел дискусија по повод „16 дена женски активизам“.

nsdp-logo1

На дискусијата ќе зборуваат Марија Тодороска, претседателка на жени на НСДП, Јасмина Димовска – претседателка на жени на ЛП и Маја Насковска, претседателка на жени на општинска организација на НСДП Куманово, за ратификација на Истанбулската конвенција, видови и форми на институционална нееднаквост помеѓу жените и мажите, еднакво позиционирање на жените и мажите во политиката и економска стабилност на жените изразена преку зголемување на жените претприемачи во Република Македонија.

Трибината ќе се одржи во недела (02.12.) со почеток во 12 часот во кружната сала во зградата на Комитет во Куманово.

Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани политички партии, невладини организации и здруженија и сите граѓани да дојдат на трибината.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство