НСДП ЈА ОТПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ

20 февруари, 2024

На Осмата седница на Централниот одбор на НСДП – Нова социјалдемократска партија која се одржа во хотел Хилтон во Скопје партијата донесе Одлука за отпочнување на постапка за избор на кандидати за пратеници од НСДП.

Постапката за евидентирање и предлагање на кандидати за пратеници ќе трае 20 дена, започнува денес на 20 февруари 2024 година, а ќе заврши на 10 март 2024 година, период во кој општинските организации на партијата ќе предлагаат кандидати, а Централниот одбор на партијата ќе ги утврди.

Централниот одбор донесе Правилник за постапката и критериумите за утврдување кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, кој согласно Статутот ќе обезбеди транспарентна, легитимна и демократска внатрепартиска процедура.

За кандидати за пратеници треба да се предлагаат/евидентираат лица кои:

  1. Ги исполнуваат условите предвидени со Изборниот законик;
  2. Уживаат јавен и професионален углед и авторитет;
  3. Ја имаат довербата на членството на НСДП;
  4. За пошироката јавност да се препознатливи како луѓе кои дале значителен позитивен придонес во афирмацијата и реализацијата на политиката на НСДП;
  5. Со својата досегашна работа да имаат покажано евидентни позитивни резултати, препознатливи и за пошироката јавност;
  6. Со своето досегашно искуство да влеваат недвосмислена сигурност, убедливост дека, имаат капацитет за успешно извршување на функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија;
  7. Со досегашното однесување да не го загрозиле својот личен, професионален, ниту пак партиски углед.
  8. Исто така, при евидентирањето и утврдувањето на кандидати, треба да се води сметка и да се почитува принципот на соодветна застапеност на младите и најмалку 40% од секој пол согласно Изборниот законик, за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македониja

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство