НСДП:  Донесена одлука за одржување на редовниот Петти Конгрес

2 април, 2022

Отпочнувајќи ги статутарните процедури за одржување на редовниот Петти Конгрес, Централниот одбор на НСДП денес во Скопје одржа седница на која беа донесени сите потребни одлуки за успешно спроведување на внатрепартиските процедури.

Централниот одбор го определи 04.06.2022 како датум за одржување на Конгресот, донесувајќи и одлука за формирање на Одбор за подготовка и спроведување на предконгресните активности. На седницата беше донесена одлука со која општинските организации се задолжија да одржат локални Конференции.

Централниот одбор ја утврди постапката, начинот и кретириумите за избор на делегати за Конгресот, како и Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидати за Претседател на партијата и кандидати за членови на Централниот и Надозорниот одбор.

Помеѓу дугото, на седницата на Централниот одбор беше реафирмиран ставот на НСДП за промена на изборниот модел, односно за потребата од воведување на пропорционален изборен модел, без изборен праг и со една изборна единица.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство