НСДП дел од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“

8 септември, 2021
Потпретседателот на НСДП, Горан Мисовски, во седиштето на СДСМ го попиша договорот за заеднички настап на претстојните локални избори со уште 20 политички партии, со што се официјализираше учеството на НСДП во коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

Со коалицискиот договор се дефинираа соработките помеѓу партиите на повеќе нивоа, заеднички советнички листи и 69 градоначалници.

По заедничката средба на раководствата на политичките партии од коалицијата, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека оваа коалиција е гарант за напредокот на државата, развојот на регионите и општините.

– Ова е коалицијата „Најдоброто за мојата општина”, фаворит, победник на изборите. Имаме знаење, волја и мотивација, план и програма за решавање на проблемите на граѓаните. Принципите зад кои заеднички застануваме се препознатливиот печат – работа во интерес на сите, истакна Заев.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство